За проектот

Мајсторските звања (квалификации) се ценети и признаваат во Европската унија, како и во партнерските земји во проектот: Р. Хрватска, Р. Словенија, Република Северна Македонија и Р. Црна Гора. Мајсторските испити ни овозможуваат унапредување на занимањата, отворање на занаети, вклучување на работодавачите во образовниот процес. Исто така, стекнувањето на звањето мајстор е предност во однос на конкуренцијата затоа што мајсторскиот степен ја нагласува извонредноста и квалитетот на производот и услугата.

Р. Хрватска и Р. Словенија имаат долгогодишно искуство во спроведување на мајсторските испити, додека Република Северна Македонија и Р. Црна Гора се движат во таа насока. Во сите земји, мајсторскиот испит има слична структура и се состои од 4 дела: практичен дел, стручно-теоретски дел, дел од економијата и деловните активности и педагошкиот дел.
Со оглед на сличностите во спроведувањето на мајсторскиот испит, партнерите на овој проект ќе работат заедно за подобрување на квалитетот на мајсторскиот испит во земјите партнери.

Проектот Мастер 4.0 воведува нов пристап за подготовка и спроведување на мајсторски испит. Целта на проектот е да се подобри подготовката и спроведувањето на мајсторскиот испит преку подобрување на прашањата и програмите за испитот и воведување на онлајн платформа за подготовка и спроведување на мајсторските испити.
Координатор на проектот е Хрватска занаетчиската комора на Р. Хрватската, што го спроведува проектот со партнери од Р. Хрватска (Универзитетски колеџ Алгебра), Р.Словенија (Занаетчиска комора и мали бизниси на Р. Словенија), Република Северна Македонија (Занаетчиска комора Скопје, Здружение Среќен живот, Тетово) и Р. Црна Гора (Занаетчиско- претприемничка комора и на Црна Гора)

Проектот трае 28 месеци, и започна со имплементација на 1 септември 2019 година. Вкупниот износ на одобрени неповратни средства изнесува 215.870,00 евра.