Занаетчиска комора и мали бизниси (ЗКС), Република Словенија

партнер

Занаетчиската комора и мали бизниси на Република Словенија (ЗКС) е чадор организација која се состои од систем на микро, мали и средни претпријатија, заедно со 62 регионални занаетчиски комори. ЗКС ги претставува интересите на своите членови пред Владата и соработува со министерствата и Националното собрание во креирање на економска политика и создавање на најдобро можно законодавство за управување со занаети, микро, мали и средни претпријатија. Ги известува своите членови преку списанието “Занаетчија“ ги поврзува, советува и едуцира и има јавно влијание во областа на стручното образование и обука. Комората, како социјален партнер и како една од репрезентативните организации на работодавачи, ги надгледува местата за практичен дел од почетното стручно образование и обука и обуките обезбедени од работодавачите кои го поддржуваат и следат процесот на практичен дел од стручно образование и обука. Во соработка со училиштата, го организираат контролниот и завршен испит во стручното образование и обука. Комората, како социјален партнер, предлага и професионални стандарди како основа за програми за стручно образование и обука во согласност со националниот закон за стручни квалификации и Законот за стручно образование и обука.

www.ozs.si