Здружение Среќен Живот – Тетово, Република Северна Македонија

патнер

Здружението Среќен Живот од Тетово е доброволно, непрофитно, невладино, граѓанско здружение формирано со слободно здружување на граѓани за остварување, заштита и усогласување на нивните интереси и верувања за промовирање на граѓанското општество во локалните заедници, како и за спроведување на активности за промовирање на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Република Северна Македонија.
Основано е во декември 2001 година. Во 2012 година здружението отвори огранок – Среќен Живот Скопје – Огранок – Сопиште, Скопје.
Членовите на здружението се од различна националност, пол и возраст. Членови се психолози, психотерапевти, професори, инжињери, економисти и студенти.
Здружението е член на мрежите: Женска граѓанска иницијатива АНТИКО – Скопје и ЈЕС мрежа на млади претприемачи во Скопје.
Главни области на делување се образование, човекови права, мултиетнички дијалог и граѓанско општество (вмрежување).
Од основањето здружението работи на подобрување на вештините на младите и подготовки на младите за пазарот на трудот, организира и спроведува семинари и работилници за наставници и ученици, развива едукативни програми, организира студиски патувања и други активности од областа на образованието, граѓанското општество и човековите права. Здружението Среќен Живот е активно вклучено во проекти за стручно образование. Во последните 7 години здружението развива едукативни програми за наставници кои работаат во мултикултурна средина.

srekenzivot.wixsite.com/srekenzivot