Се одржа завршната конференција на Еразмус+ проектот МАСТЕР 4.0

15.06.2022.

Завршната конференција на проектот МАСТЕР 4.0: подобрување на мајсторските испити се одржа на 8 јуни 2022 година во Загреб. Конференцијата ја одбележа успешната работа на проектот и на учесниците им беа презентирани резултатите од проектот во сите земји партнери. Исто така, учесниците имаа можност да ја пробаат и онлајн платформата за подготовка и полагање мајсторските испити и реакциите беа исклучително позитивни. Во рамки на конференцијата се одржа и панел дискусија „Значењето на мајсторските испити во доживотното учење за занаетчиството“, на која присуствуваа претставници од државните институции и комори од сите земји партнери. На панел дискусијата беше констатирано дека е исклучително важно да се инвестира во квалитетот и унапредувањето на мајсторските испити и дека воведувањето на дигитални технологии и алатки во спроведувањето на мајсторските испити е важен чекор во таа насока што беше генерален заклучок на конференцијата.