Се одржа онлајн едукација за користење на платформата за спроведување на мајсторски испит

05.07.2021.

Во склоп на третиот транснационален проектен состанок се одржа и онлајн едукација за користење на онлајн платформа за спроведување на мајсторски испит. Обуката се одржа на 29 јуни 2021 година , а беше наменета за стручните лица од партнерските држави за да се запознаат со работата на платформата и спроведување на мајсторскиот испит преку платформата.