Активности за подобрување на прашањата за мајсторскиот испит и програма за мајсторски испити во Хрватска, Словенија, Северна Македонија и Црна Гора – преглед на состојбата

27.11.2020.

Од почетокот на 2020 година, партнерите од Хрватска, Словенија, Северна Македонија и Црна Гора работат на подобрување на прашањата за мајсторските испити како и на програма за мајсторските испити во рамките на проектот Еразмус + Мастер 4.0: Подобрување на мајсторските испити.

Во Хрватска, Хрватската Занаетчиска комора спроведе активности поврзани со подобрување на прашањата за мајсторскиот  испит, кои се состоеја од избор на експерти за изготвување прашања од областа на работната педагогија, одржување состаноци за договори за методологија за изготвување прашања, анализа на стари прашања од испит, создавање каталог на прашања од испит , одржување на воведна онлајнобука и дводневна работилница за методологијата на изработка на прашања од испит. Врз основа на опишаната методологија, се подготвуваат испитни прашања за општите делови на испитот од областа на работната педагогија и економија и законските регулативи. Исто така, во почетната фаза се и активностите за поставување прашања за стручно-теоретскиот дел од мајсторскиот испит за професиите фризер, автосервисер и електричар.

Партнерите од Словенија во овој период подготвија нацрт на испитни прашања и развија мрежен план за подготовка на испитни трудови. Исто така, во процесот на изготвување и финализирање  се и  испитните прашања за општите делови на мајсторскиот испит, како и стручно-теоретски делови од испитот за професиите, столар, ѕидар и електроинсталатер.

Во Северна Македонија, Занаетчиската комора од Скопје и здружението „Среќен живот“ работеа на подобрување на стручно-теоретските делови на испитите за професијата козметичар и развија програми за мајсторските испити за занимања автомеханичар и пекар. Тие организираа состаноци со експерти и работодавачи кои ги извршуваат овие професии и со нивна помош ги подобрија прашањата и програмите на мајсторскиот испит во Северна Македонија.

Партнерите од Црна Гора, Занаетчиска и претприемничка комора на Црна Гора во наведениот период спроведоа активности кои се состојат од работа за подобрување на општите делови на мајсторскиот испит, подобрување на стручно-теоретските делови на мајсторскиот за занимање кројач на висока мода и развој на програми и прашања за испит за мајсторскиот испит за занимање фотограф.

Целта на проектот Еразмус + Мастер 4.0. е да се подобри квалитетот на мајсторскиот испит преку подобрување на програмата за испитот и испитните прашања. Исто така, целта е да се создаде онлајн платформа за подготовка и спроведување на мајсторски испити со цел да се подобри квалитетот на мајсторските испити во согласност со современите трендови и технологии и да се промовира образованието на возрасните и доживотното учење.