МАЈСТОРСКИ ИСПИТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

29.04.2020.

Мајсторството претставува посебен вид постсредно стручно образование. За стекнување на звањето мајстор потребно е успешно завршување на мајсторскиот испит за одредена занаетчиска дејност. Мајсторството се однесува за лица кои имаат завршено средно образование и соодветно работно искуство во занаетчиската дејност за која што сакаат да полагаат мајсторски испит. Со завршувањето на мајсторскиот испит, кандидатот се стекнува со звањето мајстор за одредена занаетчиска дејност и обучување на ученици и возрасни. Со мајсторскиот испит се проверува колку кандидатите се оспособени за квалитетна, самостојна, независна стручна работа, за организирање и водење на самостојна занаетчиска дејност и за практична обука на учениците.  По стекнувањето на мајсторска диплома, кандидатот може да да ги пренесува своите општи и стручни знаења, вештини и компетенции на чираците и вработените Мајсторството е најголем успех и достигнување за занаетчијата. Мајсторските испити ни овозможуваат унапредување на занимањата, вклучување на работодавачите вообразовниот процес. Истотака, стекнувањето на звањето мајстор е предност во однос на конкуренцијата затоашто мајсторскиот степен ја нагласува извонредноста и квалитетот на производот и услугата.

Мајсторскиот испит во Северна Македонија е на нивото V подниво VБ и се однесува на постсредното образование–мајсторски испити учесниците добиваат диплома замајсторски испит.

Законската регулатива како основа на која се развиваат мајсторските испити во Република Северна Македонија е:

– Закон за занаетчиство (Сл. Весник бр.215/15)

– Закон за стручно образование и обука(Сл. Весник бр.. 71/06…64/18)

– Закон за национална рамка на квалификација (Службен весник бр. 137/2013)-

– Правилник за  структура, организација и реализација на мајсторски испит–(Сл. Весник бр.36/2008, Службен весник бр.200/2018)

Кандидатот за полагање мајсторски испит треба да ги исполнува следните услови:

Да има завршено средно образование во четиригодишно или тригодишно траење или потсредно образование

Да има минимум три години работно искуство како занаетчија за соодветниот занает или 5 години работно искуство како вработен во соодветната дејност

Мајсторскиот испит се состои од четири дела:

– практичен дел,

– стручно-теоретски дел,

– управувачки – правно/економски дел и

– педагошко-андрагошки дел.

Практичниот, стручно-теоретскиот, управувачкиот правно/економскиот и педагошко-андрагошкиот дел од испитот се полагаат согласно испитните програми за мајсторски испит. Деловите од мајсторскиот испит се полагаат практично и/или писмено. Практичниот дел, во зависност од обемот на практичната задача трае до осум часа, а доколку кандидатот при полагање на испитот врши испитување, реализира услуга или создава производ може да трае и до 40 часа.

Стручно-теоретскиот дел, управувачки-правно/економскиот дел и педагошко-андрагошкиот дел траат по 120 минути. Минимумот за да се положи испитот ги опфаќа најнеопходните знаења и способност и кои кандидатот треба да ги покаже на испитот. Начинот на вреднување и прагот на положеност за сите делови се согласно испитните програми за мајсторски испит. Секој член од испитните комисии за реализација на практичниот дел врши индивидуално вреднување. Кандидатот кој не ја изработил успешно практичната задача не оди на нејзина одбрана и повторно се упатува на полагање на практичниот дел. Кандидатот го положил испитот ако е позитивно оценет за сите делови од мајсторскиот испит. Успехот од посебните делови од мајсторскиот испит се оценуваат со, „положил,“ или ,,неположил“, според бодовен систем согласно испитните програми за мајсторски испит.

Мајсторскиот испит се полага согласно Програмата за полагање мајсторски испит, по добиено позитивно мислење од министерот за образование и наука на РСМ, и после усвојување на Програмата од страна на ЗКРСМ.

Мајсторскиот испит во Република Северна Македонија е сеуште на почеток на својот развој, изработени со добиено позитивно мислење од МОН се две програми за мајсторски испит и тоа мајсторски испит за фризер која е пилотиран во два испитни рока и мајсторски испит за козметичар, кој ќе се пилотира во рамки на проектот МАСТЕР 4.0.Во тек на изработка се мајсторските програми за автомеханичар и пекар.

Попис на мајсторски занимања:

1. Алатничар14.Оптичар
2. Автоелектричар15. Кондурачија
3. Автолакер16. Слаткар
4. Автолимар17. Столар
5. Автомеханичар18. Tапетар
6. Бравар19. Каменорезац
7. Електроинсталатер20. Водоинсталатер
8. Електромеханичар21. Зидар
9. Фотограф22. Златар
10. Фризер23. Лимар
11. Инсталатер на греење и  климатизација24. Кровопокривар
12. Козметичар25. Крзнар
13.Кројач26. Водоинсталатер, инсталатер за греење и климатизација