Одржан вебинар за методологија на изработка на испитни прашања

24.02.2020.

Со цел да се обезбеди усогласување на прашањата за мајсторските испити за сите професии во земјите кои учествуваат во проектот,  се изработи методолошка рамка со насоки за развој на прашања за мајсторските испити како дел од проектот.

Првиот чекор  беше да се одржи вебинар за методологијата на изработка на испитни прашања. Вебинарот го одржа г-дин Зоран Јанчиќ од Универзитетски Колеџ Алгебра,Вебинарот ги опфати следните теми: вовед во проценка на знаење, видови на проценка на знаење,  проценка на знаење за целите на учење, когнитивни нивоа, Блумовата таксономија, разликата помеѓу разбирањето и знаењето, „Understanding by Design“ и “Backward Design”- обратен пристап кон развој на образовните процеси, образовни резултати, проценки на тежината на испитните прашања и категоризација, принципи на дизајнирање на испитните прашања, видови испитни прашања и прегледи, корекција и лекторирање. Врз основа на информациите од вебинарот, се разви методолошка рамка и  се започна со работа за подобрување на испитните прашања за мајсторските испити во партнерските земји.