Oдржан првиот состанок со проект партнерите во Љубљана

24.01.2020.

Проектот Erasmus + Мастер 4.0:, Унапредување на мајсторските испити, започна со првиот транснационален состанок за проектот одржан е на 10 и 11 октомври, 2019 година во Љубљана. На состанокот беа присутни претставници од сите шест партнерски организации: Хрватска Занаетчиска комора, Универзитетски колеџ Алгебра, Занаетчиска комора Словенија, Занаетчиска комора Скопје, Здружение „Среќен живот“ и Занаетчиска комора на Црна Гора.

Состанокот овозможи собирање на сите партнери вклучени во проектот со цел да се запознаат и да обезбедат квалитетна комуникација, детално да го презентираат проектот, да договорат процедури за ефективно спроведување на проектот, да ги утврдат целите на проектот и да се договорат за активностите и задачите што треба да се извршат.


Првиот состанок беше осмислен на структуриран начин и се состоеше од претставување на партнерските организации, претставување на проектот, претставување на секој интелектуален резултат одделно, претставување и управување со проект, претставување  на настаните со мултипликативен ефект и формирање на Управувачки одбор на проектот.

Сите интелектуални резултати се претставени со цел планирање и дефинирање на различните задачи што ќе овозможи Мастер 4.0 проектот да ги постигне своите цели,  резултати и рокови. Исто така, се разговараше и за организација на задачите и одговорностите на учесниците. Договорено е партнерите редовно да се комуницира преку е-пошта и да се одржуваат состаноци на Skype.