НАЈАВА НА ПИЛОТИРАЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА

10.11.2021.

Занаетчиска комора Скопје на 17.10.2021 година започна со обуките за мајсторски испит со 15 кандидати со кои ќе се реализира пилотирањето на мајсторскиот испит за козметичар во рамки на проектот Мастер 4.0. Започнавме со обуките за стручно теоретскиот дел кои се одржуваа во салата на Занаетчиска комора Скопје со предавач професор г-ѓа Лидија Андоновска.Пилотирањето на платформата МАСТЕР 4.0 во Република Северна Македонија ќе се реализира на 15.12.2021 година со полагање на управувачки-правно/економскиот дел од мајсторскиот испит за козметичар.