Финализирање на испитните прашања во Република Северна Македонија

10.11.2021.

Во рамките на проектот Еразмус МАСТЕР 4.0 се изработија испитни прашања за трите теоретски дела од  мајсторскиот испит за козметичар преку кои ќе се проверува знаењето на кандидатите за мајсторски испит од областа на стручната теорија, економијата и правото и педагошко-андрагошката подготвеност. Прашањата кои се изработени од трите дела од мајсторскиот испит за козметичар се изготвени согласно испитните програми кои имаат добиено позитивно мислење од Министерството за образование на РСМ. Во тек е внесувањето на прашањата во платформата за полагање на мајсторски испит изработена во рамки на проектот Еразмус МАСТЕР 4.0.