Одржан 2. транснационален онлајн состанок со партнерите на проектот

06.06.2020.

Онлајн состанокотсо претставници на партнерските организации вклучени во проектот Мастер 4.0 се одржа во четврток, 28 мај 2020 година. Состанокот беше организиран наместо 2-от транснационален состанок, кој требаше да се одржи во истиот термин во Скопје, Северна Македонија, а организатор на состанокот беше Хрватската занаетчиска комора.

 За време на состанокот сите партнери ги презентираа  активностите што ги реализираа во врска со подобрувањето на прашањата за мајсторските испити и програмата за  мајсторските испити, а Занаетчиска комора Словенија ја претстави работата за изготвување на испитни прашања, изготвување на мрежен план и подготвување на документи за испитите. Занаетчиската комора, Скопје ја претстави работата за подобрување на стручно-теоретските делови на испитот за професија козметичар. Прашањата беа подобрени според методолошката рамка со упатства за развој на испити и испитни прашања за мајсторските испити. Тие, исто така, одржаа 18 работни состаноци во врска со подобрување на прашањата и ја презентираа временската рамка во која треба да се завршат прашањата.

Здружението „Среќен живот“ од Северна Македонија ја претстави својата работа на развој на програма за мајсторски испити за автомеханичар и пекар.Занаетчиска  комора на Црна Гора ги презентираше своите активности кои се состоеја од работа на подобрување на општите делови на мајсторскиот испит, подобрување на стручно-теоретските делови на мајсторскиот испитза професија кројач на висока мода и креирање на програма и испитни прашања  за мајсторскиот испит за фотограф.

Хрватска занаетчиска комора ги презентираше своите активности кои се состоеја од избор на експерти за изготвување прашања од областа на работната педагогија, одржување на два состаноци во врска со договорот за методологијата на подготвување прашања, анализа на стари испитни прашања, креирање Каталог на испитни прашања, одржување онлајн воведна обука и дводневна работилница во врска со методологијата на изработка на испитни прашања. Претставник на Алгебра ја презентираше моменталната состојба во врска со развојот на онлајн платформа за подготовка и полагање на мајсторски испити. Во оваа фаза на проектот, Алгебраги претстави сите компоненти на платформата на која работеле досега: развојната околина, корисничкиот интерфејс и back end компоненти.

Вториот ден од состанокот беше посветен на дискусија и договор за првиот полугодишен извештај и доставување на потребната документација, дисеминација на проектот и договор за временските рамки и следните чекори.