Универзитетски Колеџ Алгебра (УКА), Република Хрватска

партнер

Универзитетски Колеџот Алгебра во Загреб е дел од најголемата приватна образовна организација во Република Хрватска и регионот, присутна во повеќе од 20 градови низ цела Хрватска. Запишува над 400 нови студенти годишно. Во моментов води 10 акредитирани програми / смерови за високо образование. Студиските програми во високото образование се акредитирани од Министерството за наука и образование и се препознатливи во рамките на Европската рамка за квалификации (EQF) преку нејзината асоцијација со Хрватската рамка за квалификации (ХРК). Покрај академскиот фокус (фокус на квалитетот на наставата), тој е исто така посветен на применетите истражувања.
Алгебра ЛАБ спроведува истражувања, услуги и решенија во областа на науката за податоци (engl. Data Science), примена на информатичката технологија во образованието, вклучувајќи дигитална едукативна содржина, системи за учење од далечина и проценка на знаење, истражување на пазарот на трудот и политики за образование.
Алгебра групата е изградена врз синергијата на бројни елементи кои се насочени кон создавање, примена и ширење на знаењето. Во овој систем, Универзитескиот Колеџот Алгебра е еден од основните генератори на знаење, но и важен дел од потсистемот за неговата десиминација. Деловната стратегија на Алгебра е: Креирање, споделување и користење на применливо знаење со одличен квалитет.

www.algebra.hr/visoko-uciliste/