Завршување на онлајн платформа за подготовка и полагање на мајсторски испит во рамките на проектот Мастер 4.0 планиран за крајот на 2020 година

27.11.2020.

Една од целите на проектот Еразмус + Мастер 4.0:, Подобрување на мајсторскитеиспити,  е да се создаде онлајн платформа за подготовка и спроведување на мајсторските испити со цел понатамошно подобрување на полагањето мајсторски испити во земјите партнери. Онлајн платформата ќе овозможи полагање на мајсторскиот испит на компјутери или таблети во испитните центри, каде што се обезбедени услови, а прашањата ќе можат да се креираат и печатат преку интернет-платформата за спроведување на испитот без компјутер.

Платформата е развиена од Универзитетски Колеџ Алгебра, со редовна комуникација со други партнери во проектот. Онлајнплатформата ќе се состои од 3 дела: отворен дел, дел за подготовка на испитот и дел за полагање на испитот. Отворениот дел од платформата ќе биде наменет за јавноста, така што сите заинтересирани можат да добијат увид како изгледамајсторскиот испит и како да се подготват за испитот. За делот од онлајн платформата наменета за подготовка кандидатите за испит, кандидатите после успешна регистрација за испитот ќе добијат лозинки за пристап до оној дел од платформата кадешто ќе можат да вежбаат на приемроци од претходни испити, а ќе бидат достапни и други материјали за подготовка на испитот. Исто така, за време на подготовката на испитот, кандидатите ќе можат да поставуваат прашања до лицата задолжени за помош преку образецот за контакт. Дел од платформата за полагање на мајсторски испит ќе биде заклучена за пристап се до започнување на испит.

Во текот на 2019 и 2020 година,Алгебра интензивно работеше на подготовка за развој на средината за платформата, изработка на корисничкиот интерфејс и административниот интерфејс. Исто така, во соработка со партнерите, платформата е преведена на сите јазици на партнерите кои учествуваат во проектот. По завршувањето на работната верзија на онлајн платформата, која е планирана за крајот на 2020 година, партнерите ќе бидат задолжени за внесување прашања на отворениот дел од платформата, за подготвување на  кандидатите за испити и за полагање на мајсторскиот испит. Исто така, со техничка помош на Алгебра, сите партнери ќе бидат обучени да ги користат сите функции на платформата и ќе биде подготвен прирачник за административно користење на платформата.

Паралелно, од почетокот на 2020 година, партнерите од Хрватска, Словенија, Северна Македонија и Црна Гора работат на подобрување на прашањата за мајсторските испити и на  програмата за мајсторските испити за да може да започне пилотирање на платформата. Онлајн платформата е клучен иновативен елемент на проектот, бидејќи воведува целосно нов пристап во подготовката и спроведувањето на мајсторските испити во партнерските земји.

Целта на проектот Еразмус + Мастер 4.0. е да се подобри квалитетот на мајсторскиотиспит преку подобрување на програмата за испитот и прашањата за испитите. Исто така, целта е да се создаде онлајн платформа за подготовка и спроведување на мајсторските испити со цел да се подобри квалитетот на мајсторските испити во согласност со современите трендови и технологии и да се промовира образованието на возрасните и доживотното учење.